Скопјанка најдена мртва, момче во болница со нож во градите - неделата почна крваво

Неделата почна крваво. Во текот на вчерашниот ден се случиле многу трагедии и несреќи во Македонија.

Трагедија ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 45 минути била пронајдена почината жена во нејзиниот дом лоциран на улицата Саса. Се работи за 46-годишната П.Ш. која ја пронашол сопругот, 69-годишниот Д.Ш. кој се враќал од пазар. Таа била легната на стомак во ходникот и не давала никакви знаци на живот. Тој помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, која за жал можела само да констатира смрт.

Увид извршил Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во 16 часот и 30 минути телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Во 18 часот и 15 минути во Полицијата во Кратово, петнаесетгодишникво присуство на службени лица од Центарот за социјални работи пријавил дека истиот ден околу 15 часот и 30 минути неговиот татко, 50-годишниот М.М. кој инаку е самохран родител, го тепал и му нанел телесни повреди во пределот на главата и телото, по што истиот побегнал и не сака да се врати дома. На малолетникот му е укажана лекарска помош и му биле констатирани повреди во пределот на главата, расекотина, повреди со подлив на плешките и десното рамо, по што е пуштен на домашно лекување.

Причина за тепањето била непослушност и лошо поведение во училиште.

Против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Во периодот од 07 часот и 30минути до 08 часот и 30 минути во селото Скудриње, гостиварско, 41-годишниот А.Ш. направил драма. Според податоците од полциијата, тој со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот на 46-годишниот А.А. и на 26-годишниот Е.И.

А.А. со возило на Итната помош бил пренесен во Здравствен дом-Ростуше од каде е препратен  и задржан во Ургентен центар Скопје.

НАсилникот бил приведен и во полиција раскажал дека крвавиот инцидент го направил поради повеќегодишната љубовна врска на повредените со неговата сопруга. По овластување на Јавен обвинител увид извршила екипа од полицијата во Гостивар, судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 48 часа.

Еден час пред полноќ синоќа во Клиниката во Тетово бил донесен 26-годишниот И.С. од селото Чифлик со повреда во градниот кош.Младото момче, според податоците од македонската полиција, било повредено со нож во пределот на градниот кош додека седел во селската кафеана.

Повреденото лице како итен случај е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Во врска со крвавиот инцидент на кој работи полицијата, приведен е седумнаесетгодишник од селото.

 
 
31.05.2016 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега