Утрото му започна пеколно - кумановец оваа смена ќе ја пемети до крајот на животот

Вработен во ресторан кој  е лоциран на автопатот Куманово -Скопје бил претепан на своето работно место.  Станува збор за  23-годишниот  В.Н.  од Куманово кој бил  физички  нападнат од гости во ресторанот. 

Како што информираат од полицијата, сторителите  влегле во ресторанот и тие биле незадоволни од услугата, почнале да навредуваат и да упатуваат пцовки кон вработениот, по што физички го нападнале удирајќи го во пределот на телото и главата, нанесувајќи му повреди во пределот на лицето и вратот. По инцидентот лицата го напуштиле објектот и побегнале во непознат правец.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
31.05.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега