Драма во Куманово: Среде улица го искршиле од ќотек со палки

Драма се одвивала триесетина минути по полноќ на улицата Доктор Рибар во Куманово. Додека 17-годишно момче се враќало кон дома, се појавила поголема група насилници кои биле маскирани и носеле палки со себе. Малолетникот се исплашил и почнал да бега, а додека трчал го сретнал неговиот брат на кој му рекол и тој да бега. По кратко време напаѓачите го стигнале брат му и почнале да го удираат во пределот на телото и главата. Истиот успеал да им побегне кон куќата, а седумнаестгодишникот се јавил во полиција за да побара помош.

Полициски службеници на наведената адреса ги забележале напаѓачите, кои ги фрлиле дрвените палки и се дале во бегство.

Од слобода бил лишен 21-годишниот Н.М. од Куманово.

Повредениот веднаш бил пренесен во болница.

Се превземаат мерки за расчистување на настанот.

 
 
31.05.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега