Три лица се во критична состојба- две деца со полесни повреди во несреќата во Унгарија
Три лица се со посериозни повреди и сеуште се водат во критична состојба по несреќата на македонскиот автобус во близина на Будимпешта, дознава Пресс24.
Едно од трите лица се здобило со абдоминални повреди и неколку искршени ребра. Второто лице има скршен колк и ќе биде оперираон денеска. Третиот потешко повреден има повреди на главната артерија на вратот и веќе е опериран, велат нашите информации од Унгарија.
Сите 28 патници по несреќата биле пренесени во болниците во Ѓер и Татабањи каде им е укажана медицинска помош. Повреди се регистрирани кај 15 лица од кои деветмина имале лесни а шестмина потешко повреди. Меѓу полесно повредените имало и две деца.
Во интервенцијата за спасување учествувала и противпожарна екипа која извлекла 7 лица.
Несреќата се случи на автопатот М1 во близина на австриската граница.