Хорор во Битола: Поранешниот маж и влегол дома со кујнски нож

Страшна драма се одвивала во Битола. 50-годишниот битолчанец В.Д. со нож ја нападнал поранешната сопруга со која повеќе не живеат заедно. Тој, според податоците на полицијата, влегол во нејзината спална соба, ја разбудил со викање и со кујнски нож во раката и се заканувал дека ќе и го одземе животот.

 Потоа, разбеснетиот битолчанец почнал да ја турка и влече низ ходникот поранешната сопруга, по што нивниот син дошол да ги раздели.

Пријавениот сам паднал во ходникот по што повикал полиција.  

 
 
30.05.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега