Самоубиство, крвави пресметки, насилство и трагедии - крвав викенд во Македонија

Многу трагедии, несреќи, сообраќајки, насилства и кражби викендов ја потресоа Македонија. 

Викендот почна крваво. Едно лице почина, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во 22 часот и 30 минути во кумановско Доброшане.

Како што соопштува полицијата, педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе -Куманово на влезот во Куманово во Доброшане, од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.

Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во клинички центар во Скопје, додека помладиот брат 38 годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.

Четириесет и две годишен кавадарчанец бил пронајден обесен вчера во неговиот дом во Кавадарци. 

- Увидна екипа е на лице место и засега не можат да се кажат повеќе детали за случајот, велат од полицијата.

Засега не е познат мотивот за трагедијата.

Страшен инцидент ја потресе Македонија. Утрово околу 02 часот и 20 минути од болницата во Куманово било пријавено дека е донесено младо момче со прострелна рана.

Според податоците, се работи за 26-годишниот А.Н. од селото Никуштак-кумановско, кој се здобил со повреда од огнено оружје во пределот на левата надколеница, откако како што раскажал, непознато лице пукало кон него додека тој се движел пеш на улица.

Момчето итно со возило на Итната помош било донесено на скопските Клиники.

Полицијата трага по насилникот.

Бизарна несреќа во Македонија за време на викендот. Вчера во 13 часот и 50 минути на железничката пруга Зелениково-Велес, поточно кај железниот мост на Кадина река, 58-годишниот А.М. од Скопје движејќи  се покрај пругата, со рибарска трска го допрел електричниот вод по што добил струен удар и се здобил со повреди во вид на опекотини во пределот на телото.

Истиот бил пренесен во Ургентен центар-Скопје и за среќа сега е надвор од животна опасност.

Железничкиот сообраќај бил во прекин на тој дел од пругата од 13 часот и 50 минути до 15 часот и 40 минути додека полицијата вршела увид.

Семејно насилство во Струга, ја тепал сопругата со камшик од запрежна кола. Македонката полиција има работа со 54-годишен струмичанец кој ја малтретирал сопругата. Се работи за Б.Н. кој во 12 часот и 30 минути со неговата сопруга се превезувал со запрежна кола, и без причина ја нападнал со дрвениот дел од камшикот, а кога стигнале дома и физички ја нападнал нанесувајќи и видливи телесни повреди.

 

Тој ќе одговара за делото кое го направил.

Крвава расправија ја потресе Македонија. Во 2 часот и 10 минути од Медицинскиот Центар Кичево во полиција било пријавено дека кај нив бил донесен 19-годишниот кичевчанец Џ.С. со расекотина од нож во пределот на слабината и левата надлактица.

Момчето, според податоците од полицијата, по укажаната лекарска помош било пренесено во Ургентниот во Скопје.

Тој раскажал дека во 01 часот и 30 минути на улицата „М.Јовески“ се напил и започнал расправија со 16 годишна малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница, по што физички ја нападнал, а таа во еден момент зела нож од масата и со него го удрила во пределот на левата рака и слабината, нанесувајќи му повреда. Потоа Џ.С. земајќи и го ножот од рака и нанел расекотина на десната рака, по што го фрлил во ходникот од станот, излегол и се упатил во болница.

Ножот бил пронајден и даден за вештачење. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на родител за што бил известен и работник од Центарот за социјална работа во Кичево.

 

Се работи на целосно расчистување на случајот. 

Во 02 часот и 30 минути по полноќ на дел од пругата помеѓу  Велес и Чашка, поточно после излезниот сигнал од Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација  Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица  од десната страна на пругата во правец на движење на возот. Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал за среќа нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола.

 

Од страна на екипа од полицијата била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.

Две деца и едно возрасно лице се повредени во две сообраќајни несреќи што вчера се случија во тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, во првата незгода околу 12 часот на локалниот пат кај Пирок, 15-годишна малолетничка од ова село управувајќи со автомобил Голф со тетовски регистерски таблички удрила во двајца велосипедисти од Пирок: 36-годишниот А.А. и петгодишно дете.

Од ударот А.А. задобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница како итен случај бил префрлен на скопските клиники. Петгодишното дете по добиената лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за сообраќајката е неприлагодена брзина според условите на патот од страна на возачката на Голфот која го управувала без возачка дозвола.

Според полициските податоци, за изминатите пет месеци на тетовското подрачје бил откриени околу шестотини лица што управувале возила без соодветна возачка дозвола.

 

Втората сообраќајка вчера се случила во 16 часот и 45 минути на улицата „109“ во Тетово при што С.Х.(55) управувајќи автомобил Форд фокус со тетовски регистарски таблички удрил во шестгодишно дете пешак при што тоа се здобило со тешки телесни повреди и како итен случај било пренесено на скопските клиники. Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка, рече Јосифовски. 

 
 
29.05.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега