Вицепремиерот Ставревски ќе го потпише договорот за "Јужен тек"

 

Денеска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски во Москва ќе го потпише договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек - кракот за испорака на гас во Република Македонија.

Договорот во име на Владата на Република Македонија ќе го потпише вицепремиемиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, изјави викендов премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини нгас.- Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, појасни Груевски.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првитеколичини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63  милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија  во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега