Хорор ноќ за таксист од Скопје

Хорор ноќ за таксист од Скопје. 33-годишниот Ф.Д. пријавил дека во 3 часот по полноќ на улицата “Мирче Ацев“,  физички бил нападнат од неколку непознати маскирани лица. Таксистот бил нападнат во моментот кога бил паркиран и седел во своето возило. До него застанале две возила од кои излегле напаѓачите кои почнале да го удираат со тупаници преку отворениот прозор, по што го извадиле надвор и продолжиле. Еден од нив со метална шипка почнал да удира по возилото на Ф.Д.

Веднаш по нападот, насилниците влегле во возилата и побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
25.05.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега