Возачот избегал: Еве што откри македонската полиција во возило

Патролен тим полицајци од Македонија и Словенија од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ вчера во 5 часот откриле 31 мигрант во товарно моторно возило „рено“ со белгиски регистерски ознаки, на автопатот помеѓу селата Прдејци и Смоквица во правец на Скопје. 

При обид да биде извршена контрола над возилото, возачот застанал по што веднаш почнал да бега. При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант: 28 од Пакистан и тројца од Индија со нелегален влез од Грција во Македонија.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

 
 
24.05.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега