Ограбена Станица за технички прегледи во Сарај

Во селото Сарај-скопско во станица за технички преглед од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба. Крадецот со насилно отварање на влезната врата, извршил пребарување низ сите простории и шалтери при што украдени биле 300 поништени и 200 бланко сообраќајни дозволи, еден печат на МВР и останати формулари и документи. Печатот бил чуван во сеф и истиот е одземен откако е насилно отворен сефот, а сите одземени сообраќајни дозволи се наоѓале во метална каса која до сефот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 
 
24.05.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега