Пукање во Скопје

Во 22 часот на улицата „Гологанов“ во Скопје, поточно на паркинг, 40-годишниот М.Ј. од Прилеп едвај спасил жива глава откако влегол во своето „Порше Кајен“ со скопски регистерски ознаки и се обидел истото да го стартув истото.

Според податоците од полицијата, од страна на непознато лице и од засега непознати причини, биле испукани два куршуми од огнено оружје кон возилото. На прилепчанецот му била нанесена  огреботина во пределот на десната надколеница.  Истиот бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

Се работи на расветлување на случајот.

 
 
24.05.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега