Тешка кражба во штаб на СДСМ

Во 19 часот и 37 минути во полиција било пријавено дека е ограбен штаб на СДСМ. 34-годишниот Ф.Т. од Скопје пријавил дека викендов непознат сторител извршил тешка кражба во штабот на политичката партија СДСМ, на улицата „Првомајска“ во општина Кисела Вода.

Крадецот насилно ја отворил вратата од Општинската организација на СДСМ-„Кисела вода“, и по извршено пребарување одзел проектор, партиско знаме, компјутери и компјутерски делови, а потоа го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот и за целосно расчистување на настанот.

 
 
23.05.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега