Страшна глетка на Стража: Изгоре автобус

Патнички автобус денеска попладне изгоре во близина на Стража. Како што велат очевидци, патниците исплашени и во паника стоеле на патот и чекале да дојде друго возило што ќе ги пренесе до нивните дестинации, објавува ТЕЛЕГРАФ.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека денеска попладне околу 17 и 30 часот на патот Кичево-Гостивар во близина на Стража изгорел автобус со српски регистерски таблички. Во автобусот имало 50 патници, но за среќа нема повредени. Пожарот настанал од моторот на автобусот.

– Пожарот започнал од моторот и го зафатил целиот автобус. Веднаш откако возачите забележале дека гори, смирено и брзо ги извадиле сите патници на безбедно. Огнот се проширил и го зафатил цел автобус. Во пожарот изгореле и куферите и документи на патниците,  изјави Димоски за Телеграф.мк.

Во моментов сè уште се врши увид во присуство на јавен обвинител. Во гаснење на пожарот интервенирала кичевската противпожарна бригада.

 
 
22.05.2016 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега