Почина славниот актер од „Закон и ред“
На 69-годишна возраст тој почина во болницата во Аризона, поради крвно згрутчување во белите дробови.
Освен во популарната серија, Фарина глумеше и во филмовите „Snatch“, „Saving Private Ryan“ и „Midnight Run“. Фарина се прослави во 80-тите со улогата на Мајк Торел, главниот лик во серијата „Криминалистички приказни“(Crime Story). Зад себе остави три деца од бракот со Патриција Фарина од која се разведе уште во 1980 година.