Полицајците му пишале казна - кумановчанец здивел

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“.

Како што информира полицијата, пред околу еден месец, во Куманово во близина на „Стара црква“ откако пријавениот бил запрен од страна на полициски службеници од ПС Куманово и било утврдено дека го управува возилото под дејство на алкохол, истиот изреволтиран поради изречена глоба за сторен прекршок го нападнал полицискиот службеник удирајќи го по градниот кош.

 
 
20.05.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега