Татко од Охрид во паника се јавил во полиција

Уште едно лице пријавено за исчезнато во македонската полиција. Татко од Охрид, 49-годишниот Н.Н. вчера се јавил во полициска станица и пријавил дека на 18 месецов, околу 20 часот, од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.

Се работи за 19-годишната охриѓанка Т.Н. по која интензивно се трага.

Во текот на вчерашниот ден беше пријавено и исчезнување на уште двајца малолетници. Во полицијата во Чаир, 42-годишната М.З. социјален работник во Домот „25-ти Мај“, пријавила дека на 14 месецов од Домот во непознат правец се оддалечил нивен 15 годишен штитеник.  Исто така, во полицијата Аеродром, 34-годишната Т.Ѓ. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна ќерка.

 

 
 
20.05.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега