Среде бел ден го киднапирале и мачеле - крвав инцидент ја потресе Македонија

Крвав инцидент ја потресе Македонија. Вчера среде бел ден, во 13 часот во Центар Жупа, додека 57-годишниот Л.Мседел на тераса од ресторан, со патничко возило „Голф 4“, дошле Б.А Р.В. и М.Д. сите од Дебар, физички го нападнале удирајќи го со тврди предмети по главата и телото, при што тој паднал во бессознание.

Потоа насилниците го ставиле во багажникот од патничкото возило и го однеле покрај брегот на Дебарско Езеро, каде повторно го тепале и го оставиле. Истиот од страна на полициски службеници е пронајден со видливи повреди по главата и целото тело.

За настанот известен е јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
20.05.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега