Детали за хаосот на Партизанска: Тешко повредени три лица

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол. Како што вчера дозна Пресс24 од очевидци, несреќата се случи во 21 часот веднаш до бензинската на Окта на булеварот каде четири моторни возила завршиле во банкина. 

Од полицијата денеска излегоа со информации дека во несреќата учествувале автомобил „Јагуар“ управуван од 21-годишниот Б.М. од скопско Сарај, „Ауди А3“ управувано од 39 годишната В.С. од Скопје и „Ауди А1“ кое го возела 37 годишната скопјанка З.К.

Повредени се возачите на Јагуарот и на Аудито А3, како и сопатничката А.А. од овој автомобил кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ „8 Септември“.

Неофицијално причина за несреќата е неприспособена брзина на движење. Според очевидци во несреќата учествувал уште еден автомобил „Јагуар“ кој избегал, но по дадените изјави на присутните автомобилот и лицето кое го управувало се пронајдени од полициските екипи и вратени на местото на несреќата.

Очевидци на несреќата велат дека не е исклучена можноста возачите на двата автомобили „Јагуар“ да се тркале.

 
 
20.05.2016 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега