Загина охриѓанец, исчезнаа деца, - трагедиите во Македонија се нижат

Многу несреќи и трагедии ја потресоа вчера Македонија. Трагедијата која одекна низ медиумите е смртта на охриѓанец кој со автомобилот заврши во карпа.

Четириесет и шест годишниот Н.П. од Охрид го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат А3 Битола-Ресен кај Леворечки мост во 5 часот и 20 минути, кога со Ауди А3 удрил во карпа која се наоѓала покрај патот, по што за жал починал на лице место. 

Вчера се случи и хорор во Аеродром. Откако соседите на 63-годишниот С.К. кој живее на улицата  „Ангел Димовски“ во стан на Пензионерски Дом-Аеродром, почувствувале дим во ходникот и влезот, се упатиле пред станот каде старецот го затекнале легнат на подот со повреда на левата рака, а од станот излегувал дим и во делот на креветот имало пламен.

Од екипа од Итната помош С.К. бил пренесен во Ургентен Центар, а поради сериозноста на повредата бил задржан на понатамошно лекување.

Девет лица, меѓу кои и еден малолетник посериозно  се повредени во сообраќајната несреќа што се случи на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ во Куманово, кога се судриле автомобил „шкода“ и „сеат ибица“ со кумановски регистарски таблички. „Шкодата“ ја управувала 20 годишната М.Л. која се движела од центарот кон периферијата, а со „сеат ибица“ управувал Н.Р (1998) кој се движел во спротивна насока. Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“, а „шкодата“ се движела право, дошло до судир на двата автомобили. „Шкодата“ продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“, сопственост на 39 годишната Е.В и во двајца малолетни пешаци родени 2009 и 2011 кои се движеле на тротоарот.
 
Се случи и тешка сообраќајка на Партизанска кај Сити Мол, каде четири моторни возила од засега непознати причини во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.
 
До несреќата според зборовите на очевидците кои на лице местото ги затекна екипата на Пресс24 дошло кога еден од возачите кој највероватно се претпоставува дека е матурант, од засега непознати причини удрил друго возило кое се движело во истата насока и каде двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.
 
Вчера беа пријавени за исчезнати и двајца малолетници по кои полицијата трага.

 

 

 
 
 
20.05.2016 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега