Повторно одложено рочиштето за „Диво Насеље“
Одложено е рочиштето за случајот „Диво Насеље“, во кој 37 лица се осомничени за тероризам.
Според судијката, нема просторија што ќе ги исполни сите технички и безбедносни услови, во кои би се одвивало судењето.
Минатата недела Кривичниот суд донесе одлука за спојување на предметите од „Диво Насеље“ и „Молња“, во кој на уште осум лица им се суди за истите кривични дела.
19.05.2016 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа