Минатата недела двајца Македонци без причина вратени од грчката граница

 

Во изминатата недела уште на најмалку двајца Македонци по случајот со Ѓорѓија Атанасовски, не им било дозволено да влезат во Грција, дознава Нетпрес.

Двете лица покрај уредните документи кои ги поседувале биле спречени да влезат во Грција.

-На нивните прашања зошто не им се дозволува влез и покрај поседот на сите документи, грчките гранични служби само кусо им рекле дека истите тие лица се внесени во регистарот на непожелни лица во Грција и дека на граничните службеници така им било соопштено од Атина каде што се води регистарот, пишува Нетпрес.

За Нетпрес лицата ја потврдиле оваа информација.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега