Влатко Ѓорчев: Три деца не се доста - одам на четврто

Уште многу мекици ќе се јадат во македонското Собрание.  Покрај секојдневните обврски  во законодавниот дом ,   пратениците денеска се насладуваа со  мекици . Пратеникот  од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев  стана татко по трет пат и  доби уште еден син .  Никола нема да остане  најмалиот во семејството,  Ѓорчев најави  дека и тој и сопругата сакаат уште деца и дека сигурно ќе се прошири семејството, јави Сител

 

 

Семејството Ѓорчеви сега ќе добива и месечен надоместок од 8000 денари.  Според законот за надоместок за трето дете, овој надоместок ќе им се исплаќа во наредните десет години, соглаасно трошоците за живот. Влатко Ѓорчев  кој реши да им пркоси на демографските процеси беше еден од иницијаторите токму на овој закон, кој налага  државата финансиски да им помага на семејствата кои ќе се одлучат за трето дете. 

најчитано сега