Македонската полиција приведе четворица Албанци - еве зошто

Четворица алабански државјани кои нелегално влегле во Македонија биле приведени од полицијата од полициската станица Рогачево, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци албанските државјани на возраст од 20, 21, и двајца од по 25 години, сите од градот Кукс, нелегално влегле во земјава вчера околу 19 часот и 20 минути во месноста Раскрсница во близина на Јажинце.

– Тие веднаш биле забележани од полицијаците кои ги привеле сите четворица по што биле предадени за понатамошно постапување на Одсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија рече Јосифовски.

Според неговите најави во текот на денот четворицата илегалци ќе бидат изведени пред судија за прекршоци во тетовскиот Основен суд и се очекува да добијат глоба, протерување во нивната матична земја  и забрана за влез во Македонија во траење од 3 до 5 години.

 
 
15.05.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега