Крвав инцидент во Ѓорче Петров: Си го прободела сопругот со нож

Крвав викенд во Скопје. Во 23 часот и 30 минути од Итна медицинска помош било пријавено дека во  „Јурија “ во населбата „Ѓорче Петров“ има лице прободено со нож.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за  32-годишниот Н.Д. од Скопје. Истиот, во семејна расправија се здобил со тешка телесна повреда-убодна рана од нож во пределот на градниот кош, која му ја нанела неговата сопруга, 26-годишната Г.С.

Поради сериозноста на повредите Н.Д. ќе биде задржан на Интензивна нега во „Наум Охридски“.  

 

 
 
14.05.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега