Груевски: 40 отсто од слободните места во студентските домови се наменети за најранливите категории

 

Пред неколку месеци беа донесени измени во законот за студентските стандарди, за тоа како да бидат поделени креветите за студентите, истакна денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски.

- 40 отсто од слободните места ќе бидат наменети за најранливите категории на студенти и два пати во текот на годината ќе се врши контрола за да се види дали во домовите правично се спроведува Законот во делот на поделба на студентските легла, потенцираше денеска македонскиот премиер Груевски.

- Директорите на студентските домови ќе бидат кривично казнети доколку се утврди дека постојат неправилности.

најчитано сега