Велес одбележува 110 години од Солунските атентати
Општина Велес со положување на цвеќе на гробот на најмладиот Гемиџија Милан Арсов во неговото родно село Ораовец, претпладнето почна со чествувањето на големиот јубилеј - 110 години од Солунските атентати.
Солунските атентати се серија бомбашки напади во Солун извршени од 28 април до 1 мај 1903 година од страна на Гемиџиите или солунските атентатори, анархистичка револуционарна група составена од македонски студенти, интелектуалци на возраст од 18 до 22 години кои се школувале во Солун. Целта на нивните напади била да се нападне европскиот капитал во Отоманската империја за да се привлече вниманието на големите сили кон македонското прашање. Солунските атентати почнале на 28 април 1903 со потопување со динамит на францускиот брод Гвадалкивир, а акцијата ја започнал Павел Шатев. Акцијата била двојно успешна - бродот бил запален, но патниците сите до еден спасени.
Програмата продолжува вечер во Велес пред нивниот споменик кај Мало Мовче со концерт на патриотски песни и настап на Сузана Спасовска.
ФОТО:Утрински