На крајот на месецот судење на браќата кои пукаа на скопските Клиники

На крајот на мај ќе биде донесена пресудата за двајцата браќа кои пукаа во хирургот во Државна болница. Како што пишува Дневник, судскиот процес за докторот Љубомир Огненовиќ од одделот за дигестивна хирургија на скопските Клиники, требаше да започне вчера, но се одложи поради презафатеноста на адвокатот на двајцата браќа.

35-годишниот Исмет Никшиќи и неговиот 37-годишен брат Абдуљаким Никшиќи, ќе седнат на обвинителната клупа на крајот на мај. Исмет го застрела докторот, а неговиот брат одговара за соучесништво во случајот.

Почетокот на судскиот процес за драмата на Клиника се преместува за 27 мај.

За потсетување, инцидентот се случи во ноември минатата година кога браќата изреволтирани по смртта на нивната мајка која ја оперирал Огненовиќ, дошле на Клиника и го застрелале. 

Исмет со три куршуми ја изрешета ногата на лекарот. Откако го застрела почна да крши и дивее на Клиниката.

Сите присутни беа во паника.

 
 
12.05.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега