Кежаровски започна да штрајкува со глад - утрово ја одбил затворската храна
Новинарот Томе Кежаровски денеска навистина започна штрајк со глад, потврдува за Плусинфо директорката на истражниот затвор „Скопје“, Сузана Гавриловиќ.
Имено, утрово новинарот Кежаровски ја одбил затворската храна, а со официјален допис до судот и до Управата за извршување санкции информирал дека храната ќе ја одбива и понатаму.
Кежаровски од денеска започнува штрајк со глад откако веќе два месеци е во притвор откако беше уапсен во акцијата „Ликвидација“, бидејќи наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок за текст од 2008 година за случајот за нарачаното убиство во селото Ореше.
ФОТО: Алфа