Тинејџер од Македонија освои пет медали на Олимпијада на уметноста во САД

 

Тринаесетгодишниот Вејчеслав Поповски од Скопје на Светскиот шампионат во изведувачка уметност што се одржа во Холивуд, Лос Анџелес на кој Македонија првпат се претстави, освои пет медали.

На натпреварите што траеја два дена, Поповски се натпреваруваше во категоријата соло пеење - јуниори и тоа во пет стилови (опера, латино, светска музика, отворен стил и поп музика) и освои три златни и два сребрени медали.  Со награда „светски шампион“ се стекнал во три стила-опера, латино и отворен стил.

На Светскиот шампионат во изведувачка уметност одржан месецов во Холивуд, Лос Анџелес – САД учествуваа натпреварувачи од 53 држави од целиот свет. Вејчеслав Поповски минатата година беше избран од националниот директор за овој дел од Европа со седиште во Будимпешта Адриен Јунек. 

ФОТО: Идивиди

најчитано сега