Тринаесет годишен Македонец светки шампион во пеење
Пет медали освои 13-годишниот Вејчеслав Поповски од Скопје на Светскиот шампионат во изведувачка уметност што се одржа во Холивуд, Лос Анџелес на кој Македонија првпат се претстави.
На натпреварите што траеја два дена, Поповски се натпреваруваше во категоријата соло пеење - јуниори и тоа во пет стилови (опера, латино, светска музика, отворен стил и поп музика) и освои три златни и два сребрени медали. Со награда „светски шампион“ се стекнал во три стила-опера, латино и отворен стил.
Тој се најде и меѓу најдобрите учесници од неколку земји кои по две селекции имаа можност да настапат на телевизиско шоу. Поповски по овој настап пред дваесетчлено жири од врвни имиња од шоу бизнисот во САД, од неколкумина од нив добил покана за понатамошен ангажман и соработка.
На Светскиот шампионат во изведувачка уметност одржан месецов во Холивуд, Лос Анџелес – САД учествуваа натпреварувачи од 53 држави од целиот свет. Вејчеслав Поповски минатата година беше избран од националниот директор за овој дел од Европа со седиште во Будимпешта Адриен Јунек