Албанскиот народен правобранител бара поголеми права за малцинствата во земјава

 

Народниот првобранител на Албанија во соработка со малцинствата во Албанија ќе формираат заедничка работна група, чија задача ќе биди изготвување на посебен извештај за положбата и правата на малцинствата во Албанија и овој извештај ќе биде доставен на разгледување до новиот парламент и новата албанска влада. Ова го договорија преставниците на малцинствата во Албанија на средба со Игли Тотозани, Народен првобранител на Албанија во рамките на 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе.

Васил Стерјовски преставник од македонското малцинство на средбата за весник Македониум изјави дека задача на работната група сочинета од преставници од сите малцинства ќе биде изготвување на извештај за моменталната положба на малцинствата во Албанија и барањата кои малцинствата ги имаат за подобрување на нивната положба во Албанија.

“Во декември Советот на Европа треба да одлучи дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европска Унија. Овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и парламент, кој треба да започнат да ги подобруваат правата на малцинствата за да до декември се исполнат дел од барањата на малцинствата и Албанија да добие кандидатски статус,”.- изјави Васил Стерјовски за весник Македониум.

Од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета.

Главни барања на малцинствата се: Признавање на малцинствата на целата територија, изготвување и одобрување на закон за малцинствата, потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, обезбедување образование на мајчин јазик за малнцинствата, финансиска подршка на различните активности на малцинствата, измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на мацинствата во парламентот со гарантирани места, идр.

ФОТО: А1.он

најчитано сега