Охрид зјае празен - македонскиот туристички бисер ја бележи најслабата сезона

 

Охрид пред најлошата туристичка сезона во својата понова историја. Како што пишуваат локалните охридски медиуми, градот зјае празен и покрај тоа што започна шпицот на туристичката сезона.
Охрид1 пишува дека низ градот речи си и да не може да се забележат туриси. Улиците се празни а нема никаква раздвиженост ниту на автобуската станица.
Охридските медиуми како причина за лошата турстичка сезона го наведуваатп одатокот дека немало инвестиции во инфраструктурата, односно патиштата кои водат до градот. Ја спменуваат ивизната либерализација, како причина поради која граѓаните се почесто се решаваат, одморот да го минат во Грција.
Напоменуваат и дека и покрај слабата посетеност, цената за сместувањето во градот и натаму останува иста.
Сепак, нема податок, дека за разлика од Грција, каде сезоната почнува уштена крајот на мај, во Охрид, на почетокот на јули,не работеа најголемиот дел од плажите. Сите, отворањето го темпеираа за средината на јули.
Традиционално, Охрид врвот на посетеноста го очекува околу Илинден. Дали деновите околу 2 август ќе ја спасат пропаднатата туристичка сезона останува да се види.
На охриѓани им останува да ги сумираат резултатите и да најдат начин да привлечат поголем број на турусти, без разлика дали тоа ќе биде со намалување на цените во сместувачките и угостителските капацитети или пак со збогатување на туристичката понуда.

ФОТО: Охрид 1

најчитано сега