Димитриевски: Со мерката „Земјоделски советници“ се доближува науката до праксата

Проектот „Земјоделски советници“ е еден придонес во надминување на одредени системски слабости во структурата на македонското земјоделство. Најголем дел од земоделските капацитети се кај семејните земјоделски стопанства, па влезот на нови технологии е малку потежок, вели Драги Димитриевски декан на Земјоделскиот факултет на вчерашната дебатна емисија на Телевизија Нова.

dimitrievski

Од друга страна е и старосната структура и образовната ај овие земјоделски стопанства.

-Сето ова што се прави со проектот а има за цел доселување на млади лица во руралните подрачја, мерките кои се како дополнителни мерки за млади земјоделци кои сакаат да започнат бизнис, ќе донесат една нова структура која со себе ќе повлече и нови технологии кои ќе применат една добра земјоделска пракса во сите потсектори на земјоделското производство, а за тоа потребни се знаења. Дел од младите луѓе секако дека ќе дојдат со нови знаења но многу е значајна и промоцијата на овој проект за „Земјоделски советници“ кој ќе треба да помогнат на новите но и на постоечките земјоделци со цел да се пренесат знаењата, вели Димитриевски.

Сето она што ние како наука го правиме, вели тој, има за цел да се пренесе на земјоделците.

 
 
29.04.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега