Најтешкиот празник: Што не смеете да јадете на Велики Петок?

Најтешкиот ден во годината за христијаните е Велики Петок. Денот кога се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спас на светот.

На денешниот ден христијаните се сеќаваат на настанот кога Исус бил навредуван, тепан и мачен додека масата викала: „распнете го, крвта негова на нас и на нашите деца“. 

Во однос на храната, на овој ден уште одамна е востановен строг пост на вода, односно конзумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.

Во некои манастири монасите не јадат ништо денеска се до заоѓањето на Сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.
Исто така, некои избегнуваат користење вилушка, нож или било што остро како прибор за јадење, бидејќи тие предмети го симболизираат копјето со кое бил прободен Исус од римските војници.

 
 
29.04.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега