Подготовки за Велигден: Направете уникатни јајца
Овој начин на декорација не е комплициран, а вакви велигденски јајца совршено ќе изгледаат во вашата кошничка.
Потребно ви е:
- јајца
- ножици
- Боја за фарбање на јајца
- и неколку парчиња чипка
Подготовка:
1. Исечете ја со ножици чипката на траки во големина која би била доволна да се замота јајцето.
2.Чипката зацврстете ја со ластиче на вареното јајце
3.Ставете ги јајцата во бојата и оставете ги да отстојат онолку колку што им е потребно да примат боја.
4. Изавдете ги јајцата од бојата, извадетете го ластичето и тргнете ја чипката.
22.04.2016 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа