Печен млад компир со лукче
Почна сезоната на млади компири :-) Еве еден брз, а во исто време многу вкусен рецепт:
Потребни состојки:
500 гр млад компир
5-6 чешниња лук
маслиново масло
сол
бибер
лимон
Начин на подготовка:
Купете млади компири со мала или средна големина. Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.
Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.
Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.
Прочитај топ 10 рецепти со компир тука:http://gotvi.mk/2016/03/25/top10-recepti-so-kompir/
Повеќе од 80 посни и многу вкусни посни рецепти тука:http://gotvi.mk/category/%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B5/
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа