ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски веќе потврди дека избирачкиот список е прочистен

 

Дамјан Манчевски во очигледна безидејност одржа прес-конференција на која лично тој по којзнае кој пат си го погази својот збор.

Токму тој, како преставник на СДСМ во Државната изборна комисија беше вклучен во прочистувањето и прегледувањето на Избирачкиот список и самиот на јавноста и потврди дека списокот е прочистен и дека со него може да се оди на избори.

Дамјан Манчевски на седницата на ДИК истакна дека прочистувањето на избирачкиот список се одвиваше согласно барањата на СДСМ и дека немаат дополнителни забелешки и избирачкиот список е подготвен за локалните избори.

Дамјан Манчевски со ваквите свои прес-конференции се обидува да се искупи пред својата партија и своето раководство за својата изјава која претходно ја има дадено.

Очигледно, во СДСМ ништо не се менува. Таму јавно кажаниот збор нема никаква вредност. Еден ден едно зборуваат, а другиот ден сосема друго.        

 

 

најчитано сега