Груевски: Сениште од минатото на СДСМ стави блокада на Комисијата за 24 декември

 

Работата на Комисијата за настаните од 24 декември одеше добро се додека не се појави едно сениште од минатото на СДСМ кое со своите активности ја запре работата на Комисијата, ја блокираше со своите инсталации внатре во неа.

Ова е коментарот на премиерот Никола Груевски по прашањето како го коментира повлекувањто на претседателот на Комисијата Борче Давитковски.

Премиерот посочи дека според неговото видување тоа е главната причина што процесот не финиширал со успех.

-Инаку се додека лицето беше на годишен одмор се завршија 90 отсто од работата на Комисијата. По неговото враќање и активности, како и секогаш најпрвин се појавија првите знаци на проблематизирање на се и сешто, што е дел од неговиот карактер, а потоа настана блокада на целата работа, истакна Груевски.

Тој нагласи дека доколку постои волја од другата страна, комисијата ќе продолжи со својата работа.

најчитано сега