СДСМ повтори: Без Претседател нема Комисија за 24 декември

 

Опозициската СДСМ останува на ставот дека по оставката на претседателот, Борче Давитковски, тие на да учествуваат во работата на Комисијата која треба да ги расветли случувањата од 24 декември. По Фрчковски, кој вчера го соопшти овој став, денеска потврда стигна и од партискиот потпретседател, Дамјан Манчевски.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно ги испочитува своите обврски кои произлегоа од мартовскиот договор.

Го повикуваме претседателот Иванов, со оглед на тоа што ја формираше оваа комисија, да започне процес на консултации со двете најголеми политички партии, со цел да се надмине кризата на работата на комисијата.

 

Договор за работа на комисијата без нејзиниот претседател апсолутно не постои“ - рече Манчевски на денешната прес конференција. 

Претседателот на Комисијата Борче Давитковски си поднесе оставка откако не можеше да ги усогласи ставовите на партиите околу извештајот за 24 декември. 

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со став дека и без претседател, Комисијата може да работи, а истиот став стигна и од официјален Брисел.

најчитано сега