СДСМ: Во еден стан во Центар живеат по 70 луѓе

 

 

Ја свикавме оваа прес конференција за по трет пат да го поставиме истото прашање и се надеваме дека овој пат конечно ќе добиеме одговор од надлежната институција.

Согласно законските процедури, при промена на местото на живеење граѓаните на Македонија се дожни овие промени да ги евидентираат и во своите лични документи. Пред да се издаде лична карта со нова адреса на живеење, МВР врши контрола на лице место со цел да се увери во веродостојноста на пријавените промени од страна на граѓаните.

Без ништо да прејудицираме, го прашуваме МВР кој и кога од СВР Скопје, согласно законските процедури извршил контрола и констатирал дека на:

·        

ул. Максим Горки 11/1-2 живеат најмалку 74 новодоселени лица

·        

ул. Димитрие Чуповски 20/1 живеат најмалку 37 новодоселени лица

·        

ул. Васил Ѓоргов 23/2-27 живеат најмалку 31 новодоселено лице

·        

ул. Стале Попов 9-1/58 живеат најмалку 31 новодоселено лице

·        

ул. Даме Груев 1/4-2 живеат најмалку 30 новодоселени лица

·        

ул. Киро Крстевски - Платник 11/1-3 живеат најмалку 29 новодоселени лица

·        

ул. Стале Попов 9/2-15 живеат најмалку 17 новодоселени лица

·        

ул. Стале Попов 9/2-43 живеат најмалку 4 новодоселени лица

·        

ул. Стале Попов 9/2-44 живеат најмалку 9 новодоселени лица

·        

ул. Стале Попов 9/2-7 живеат најмалку 5 новодоселени лица или вкупно на ул. Стале Попов 9 влез 2 новодоселени 35 лица

·        

ул. Френклин Рузвелт 64/1-3 живеат најмалку 20 новодоселени лица

·        

ул. Петар Поп Арсов 36-а живеат најмалку 18 новодоселени лица

·        

бул. Илинден 63/1 живеат најмалку 13 новодоселени лица

·        

ул. Димче Мирчев 8 живеат најмалку 11 новодоселени лица

 

Искрено се надеваме дека овој пат наместо ДПМНЕ, одговор ќе ни даде МВР, со оглед на тоа што се работи за информација за која единствено и директно би требало да надлежно министерството, а не партијата на власт. Оваа информација е особено важна и во однос на понатамошниот развој на демократските процеси во Македонија.

(Интерален текст од прес конференција на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ)

најчитано сега