Собранието ќе ја продолжи 98. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 98. седница со расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, во прво читање.
На дневен ред се и Предлог-законот за изменување на Законот за туристички развојни зони, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, Предлог-законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход, Предлог-законот за дополнување на Законот за здравственото осигурување и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во прво читање.
Пратениците ќе го разгледаат и Барањето за давање автентично толкување на член 111, став 4 од Законот за административни службеници, поднесено од Градоначалникот на Општина Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа