МЗШВ: Николовски е тотален непознавач на законите и прописите
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски уште еднаш покажа тотално непознавање на законите и прописите и продолжува да изнесува невистини во јавноста, реагираат од МЗШВ.
Во продолжение следува интегрален текст од демантот на министерството
Да појасниме дека во спроведувањето на тендерот за браната „Конско“ нема ништо не законски, ниту пак се надминале предвидените средства за градба. Напротив, со негативната електронска аукција е постигната пониска цена од планираната.
Прво, министерството за земјоделство има одобрение од Владата добиено преку десетгодишната Програма за инвестирање во водостопанство со акционен план каде што се предвидени средства за изградба на оваа брана. Бидејќи договорот за изградба на оваа брана се уште е неактивен, а неговото започнување се очекува до крајот на 2016 година, министерството побара повторна потврда од Владата за одобрување финансиски средства за реализација на овој проект.
Второ, во известувањето на министерот Цветков до комисијата за јавна набавка, кое го покажува и Николовски, точно се наведени причините поради кои се предлага да се изврши евалуацијата на пристигнатите понуди, односно дека роковите се во согласност со тендерската документација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа