Онкологија доби нова современа опрема од Австралија

 

 

Донација во медицинска опрема во вредност од 3 милиони австралиски долари обезбеди гeнералниот конзул на Република Македонија од Мелбурн, Бети Коруновска, во соработка со Министерствата за здравство на РМ и на Австралија,

Станува збор за комплетен современ систем (акцелератор) за радиотерапија, за лечење малигни заболувања кој ќе биде инсталиран на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Како што се наведува во соопштението од генералниот конзулат на Македонија во Мелбурн, донацијата е обезбедена во соработка на ДКП-ата на РМ во Австралија со Колин Хорнби, советник во Министерство за здравство на Викторија, Катерина Алексовска-заменик советник во Министерство за здравство, Алдо Ролфо генерален менаџер на Радиолошка онкологија  за Австралија, Џон Варгесе - Комерцијален директор на Радиолошка онкологија и грижа за срце на Викторија, претставници на Вариан Линак од СР Германија, Џенесис Кеар - австралискиот водечки провајдер за радиолошка онкологија и Министерството за здравство на РМ кое ги обезбеди бараните специфични услови од страна на австралиските институции.

- Подготвеноста на Република Македонија да одговори позитивно на сите барани услови во предвидените рокови, ги даде своите резултати- опремата пристигна во Македонија, завршени се сите постапки кои се однесуваат на превоз, шпедиција и царинење и по завршување на подготвителните активности, се очекува нејјзино инсталирање на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Со оваа донација направен е важен исчекор во заземање повисоко место на Република Македонија, во светските статистики од областа на здравството, стои во соопштението

 
 
05.04.2016 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега