Кристијан Даниелсон на средби со партиските лидери во Скопје

 

Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино.

Според Мисијата на ЕК во Скопје, Даниелсон ќе се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на Владата задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев.  

Во Брисел вчера Даниелсон имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој по средбата изјави дека станало збор за актуелната политичка состојба во земјата и за процесот на организирање и подготовка на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни. 

Диртекторот на директоратот за проширување доаѓа во посета на Македонија еден ден пред најавеното распуштање на Парламентот, а денеска пратениците треба да гласаат за избор на новите министри во Владата предложени од ДУИ.

 
 
05.04.2016 - 09:43
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега