Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем, на Законот за превоз на патниот сообраќај и на Законот за градење, сите по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за транспорт.
На седницата на Законодавно-правната комисија пратениците ќе дискутираат по предлог-законите за дополнување и изменување на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем, на Законот за превоз во патниот сообраќај и на Законот за градење, сите по скратена постапка, во второ читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа