Собранието избира министри и заменици министри од ДУИ

 

Предлогот за избор на членови на Влада на Република Македонија и Предлогот за именување заменици министри се на дневниот ред на денешната 100-та собраниска седница.

По завршувањето на 100-та, Собранието ќе ја одржи 98-та седница на која пратениците ќе расправаат по Дополнетиот предлог закон за нотаријатот и на законот за извршување. 

Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем и на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

На агендата се и предлог-законите за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, на Законот за туристички развојни зони, на Законот за шумите, како и на Законот за персоналниот данок и на Законот за здравственото осигурување. 

 
 
05.04.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега