Официјално: ЕУ му кажа збогум на Ван Хауте

 

Белгискиот посредник Питер Ванхауте нема веќе да биде пратеник на Европската Комисија, пренесе Алсат М повикувајќи се на канцеларијата за информирање на ЕК.

-Портпаролката Маја Коцијанчиќ истакна дека договорот меѓу Комисијата и Питер Ванхауте е при крај и дека тој нема да работи како експерт финансиран од ЕУ – пишува Алсат.По неуспехот на преговорите за медиумите, Ванхауте најави враќање на стариот формат на преговори, што наиде на отпор од ВМРО – ДПМНЕ кој одби да се врати на маса со белгискиот експерт. Алсат М се обиде да контактира со посредникот, но беше недостапен за тоа да се врати и во каква улога ќе продолжи да се ангажира, ако не е експерт на ЕК.

 

 
 
 
04.04.2016 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега