Теловска: ВМРО-ДПМНЕ со силна грижа за децата од сите етнички заедници

 

Во рамки на проектот ,,За сите деца”, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Нермин Теловска ја посети Јавната  установа за деца, Центарот за ран детски развој во општина Центар Жупа.

Оваа установа е првa од ваков вид во Македонија и нејзината  дејност е зазгрижување и воспитание на деца од пред училишна возраст. Центарот е сместен вопросториите на основното училиште ,,Мустафа Кемал Ататурк”.
 
 
За оваа прилика како подарок беше поделена сликовницата Бонтон на турски јазикза децата на предучилишна возраст од Центар Жупа. 
 
-Нашата партија има зацртано јасни програмски цели и задачи, меѓу кои, почитување и грижа за сите етнички заедници, така преку овој проект сакаме да ја изразиме нашата грижа за сите деца меѓу кои и за тие од турската етничка заедница и токму затоа за прва наша посета ја одбравме општината Центр Жупа, изјави Теловска.
 
Проектот го водат Нермин Теловска и Никола Димески, членови на Извршниоткомитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со  Ели Маказлиева,  Дарка Петрушевска, ВеснаБосиљанова,  Роза Костеска и др. Проектот е потпомогнат од страна на Издавачкатакуќа ЕДУКА МАК и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески. Во наредниот период во рамки на проектот ќе бидат посетени повеќе населени местасо турско население.
 
 
04.04.2016 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега