Вељаноски: Граѓаните на Република Македонија одлучуваат кој ќе формира Влада
Изборите кои на 5-ти јуни ќе се одржат во Македонија ќе ја расчистат политичката магла која во моментов владее. Тогаш ќе се признае гласот на народот кој секогаш е најдобар глас, истакна претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски во интервју за ТВ НОВА.
-Гласот на народот кажува која политичка партија во следниот период треба да го води народот. На 6-ти јуни треба да имаме чиста ситуација затоа што за жал ваквата состојба премногу го оптерети општеството, не само политичките субјекти и граѓаните, туку цело општество, вели тој.
На Македонија и е потребна стабилна Влада која ќе ги решава предизвиците со кои земјава се соочува.
-Секогаш има предизвици особено во Балканот и во нашиот регион, но ова премногу траеше. Ситуацијата како што е мигрантската криза не зависи од нас. Она што зависи од нас ние треба да си го завршиме. Таа криза ни беше наметната и во неа Република Македонија добро се снајде. Но, потребни се цврсти одлуки од една стабилна Влада, а тоа е секако после изборите кои што на сите предизвици ќе одговори. Вклучувајки ја мигранстката криза, вклучувајки на економските ситуации и вклучувајки на севкупната регионална политика што за жал се води овдека во регинот , во кој што спаѓа и Македонија. Затоа е потребно не вака вештачки наметната Влада, него Влада изворно од народот, а тоа е секако изборите на кој што одлучуваат кој треба да ги води граѓаните на Република Македонија, рече Вељаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа