Гејминг викенд со поддршка на Фондацијата „е-Македонија“

 

Во Телеком иновативниот центар на 2 и 3 април се организира голем Гејминг викенд (Game Weekend) со поддршка на Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком, а во реализација на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА.

На првиот ден од Гејминг викендот, во сабота на 2 април, ќе се одржат предавања и дебати со познати и искусни програмери, цртачи и дизајнери коишто пред присутните на настанот ќе имаат свои презентациии за начинот на правење на игри, потребните алатки, софтвери и ресурси, како и промоција на игрите.

 

Во недела на 3 април, на вториот ден од Гејминг викендот, ќе се организира специјално издание на Хартсоун турнир. Бројот на натпреварувачите ќе биде ограничен, а право на учество ќе имаат само 64 играчи кои ќе се борат за главната награда-лаптоп. Повеќе детали за турниот може да се најдат на: https://www.facebook.com/events/602661686555047.

 
 
31.03.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега